Комисијата за PRO PR наградите, на неодамна одржаната конференција, и` ја додели наградата PRO PR Infigo на Марија Вичиќ која се доделува на поединци кои посебно придонесуваат за развојот на комуникациската индустрија. Наградата беше доделена во Белград од страна на Даниел Колетиќ, организатор на PRO.PR конференцијата.
При доделувањето на наградата, Даниел Колетиќ истакна “Марија студираше право и својот живот најпрвин го посвети на новинарската работа, а како жена во машко општество, започна една многу интересна кампања за промоција McCann агенциите во регионот. Сепак, нејзините амбициозни апетити и харизма ја однесоа пошироко од границите на регионот. Нејзиното време допрва доаѓа. Сигурен сум дека таа инспирира многумина со својата работа, не само тука, туку и во Скандинавија и затоа и` честитам од срце”.
Во I&F McCann група, Марија Вичиќ сега е одговорна за комуникација на креативните агенции во Југоисточна Европа и Нордискиот регион, а наградата ја освои за професионалните достигнувања на позицијата директор за комуникации во I&F McCann Група. “Многу ми е драго што сум препозната од страна на ПР професионалците од регионот и од PRO PRO Awards како некој што придонел за развојот на комуникациската индустрија. Секој ден се трудам да го промовирам на позитивен начин она што го правиме во сите агенции, но, исто така, се трудам да ја унапредиме професијата, како и регионот. Колегите кои се околу мене се луѓе со кои секојдневно работам и кои ми помагаат. Особено би сакала да му се заблагодарам на Срѓан Шапер, потоа на сите мои колеги со кои соработував сите овие години и со кои продолжувам да соработувам. Исто така, би сакала да им се заблагодарам и на медиумите, пред сè, стручните медиуми со кои соработуваме, бидејќи тие ја препознаа потребата за промоција на нашата професија, но и на сите други медиуми кои се отворени и заинтересирани за комуникација”, изјави Марија.
Г-дин Колетиќ понатаму истакна дека “PRO PR Award е единствената програма која наградува поединци, а не проекти”, и додава: “А зошто поединци? Во нашата индустрија владее “ЕГО вирус”, не само во Србија, туку и во сите земји во светот и ретко може да се види некој поединечно да награди ПР професионалци, а има многу квалитетни и достојни за пофалба. Ако ние самите не и` дадеме значење на нашата професија, тогаш не знам кој друг ќе го направи тоа за нас. Ние сме една многу мала организација, има само пет во целиот регион, се занимаваме со консалтинг, оваа награда е наш производ и наш начин да придонесеме за поединците и за професијата како целина.“