Home » Во фокусот » Доделени наградите KAKTUS 2016! McCann Белград агенција на годината во Србија!

Доделени наградите KAKTUS 2016! McCann Белград агенција на годината во Србија!

(РЕГИОН) – Marketing mreža ги награди организациите, компаниите, институциите и агенциите за најквалитетните и најпрофесионалните поединечни и интегрирани кампањи на вториот по ред Фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2016. За наградите оваа година, конкурирале дури 135 проекти.

kaktus-1

Кампањата #CrazyEnoughToChangeTheWorld на агенцијата No Ordinary Agency освои признание во категоријата Иновативна интегрирана кампања, како и Гранд при – Интегрирана кампања на годината. McCann Белград, втора година по ред го освои признанието Агенција на годината, додека компанијата Strauss Adriatic е прогласена за Огласувач на годината.

Кампањата “Dobro jutro Džezveri” на агенцијата Leo Burnett i за компанијата Strauss Adriatic освои награда во категоријата поединечни кампањи – ТВ и Радио. Истоимената агенција освои награда и во категоријата Event за кампањата “Jelen nefiltrirano pivo” на Апатинска пивара. Во категоријата Поединечни кампањи – Print наградата и` припадна на агенцијата Publicis Белград и Мрежата на организации за децата во Србија (MODS) за кампањата “Nasilje nije igra”.

kreativci-agencije-mccann-beograd

Најдобра BTL кампања е прогласена “Telenor Xmass 3 in 1 Credit Card” на агенцијата FCB Afirma за клиентот Теленор банка, додека агенцијата New Moment New Ideas Company освои признание во категоријата Односи со јавноста за кампањата “Run For Peace”. Проектот “Fanta uvrnuta flašica” на агенцијата Group и компанијата Coca-Cola ја однесоа победата во категоријата Social Media.

McCann Белград е наградена и за два проекти во категоријата Mobile за апликацијата “ARt – najveća virtuelna izložba svih vremena” и во категоријата Профитна интегрирана кампања за Lav kokice” Carlsberg Србија. Оваа година на најдобро Вирално видео е прогласен проектот “Jaffa Fešta” кој го потпишува агенцијата Popular Bruketa & Žinić OM за клиентот Jaffa Crvenka.

Признанија во категоријата поединечни кампањи – Content marketing и Директен маркетинг освои агенцијата Pioniri Communicationsза кампањата “IDEA – Voće i povrće” (клиент: Mercator S) и “Novogodišnji poklon koji je putovao godinu dana” (клиент: Findomestic банка). Агенцијата Homepage и NVO Just Out наградени се во категоријата Digital за кампањата #JustOut #Manasija2015, а на агенцијата Ovation BBDO и`припадна признанието за најдобар Outdoor, за кампањата “Šta vas boli?”изработена за компанијата Pharma Swiss.

Членовите на жирито им доделија награди и на агенциите Direct Media, Fusion Communications и Националното здружение на родители на деца заболени од рак, за проектот “I ja se borim” во категоријата Непрофитна интегрирана кампања. Оваа година најдобра Inbound интегрирана кампања е кампањата на Eurobank и агенцијата Represent Communications, “Mančester u Beogradu”.

Второто по ред доделување на годишните награди KAKTUS 2016 предизвика големо интересирање на агенциите и компаниите од Србија. За наградите, кои се доделени во 21 категорија, конкурирале дури 37 агенции и преку 40 огласувачи.

Оваа година стручното жири беше составено од угледни професионалци од креативните, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот. Жирито од Србија го сочинуваа: Ања Радуловиќ (Leo Burnett), Борислав Милјановиќ (Represent Communications), Весна Ќераниќ (Executive Group), Владимир Митровиќ (Ovation BBDO), Дејан Рандиќ (DNA Communications), Игор Грмуша (Degordian), Иван Живковиќ (Pioniri Communications), Јанко Павловиќ (Havas Worldwide Белград), Леа Станковиќ (Communis DDB), Марина Гриховиќ(Headline и Dkit), Милош Илиќ (LUNA/TBWA Белград), Миладин Милетиќ (Popular Bruketa&Žinić OM), Милоје Секулиќ (Homepage),Мирко Мандиќ (SVA), Миро Антиќ (M2Communications), Невена Куртовиќ (Fusion Communications), Небојша Бабиќ (Orange Studio),Славиша Савиќ (New Moment New Ideas Company), Срѓан Ерцег (HUGE Media), Тамара Бекиќ (Chapter 4 PR), Тони Лауренчиќ (Idea Plus Communications), како и Владимир Ќосиќ (McCann Белград), кој и оваа година е претседател на жирито.

Регионалното жири беше составено од: Ален Кекиќ (I TO NIJE SVE!, Хрватска), Вања Блуменштајн (Señor, Хрватска), Весна Бегановиќ (Via Media, Босна и Херцеговина), Зоран Тројар (Sonce.net, Словенија) и Оливер Новески (Brand Union, Македонија).

Повеќе информации за фестивалот можете да пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365