Home » Extra 5 » Доделени наградите на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015

Доделени наградите на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015

Доделени се наградите на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои девет најдобри ги добија највредните награди.

trash for art

Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.

Наградите беа доделени во три категории и тоа –  поединци, училишта и градинки.

Во категоријата поединци првата награда од 30.000 денари му припадна на Дарко Базерко

PoedinciMesto1

Второто место во категоријата поединци го освои Стојан Тасевски.

PoedinciMesto2

Третата награда и припадна на Бојана Кокиновска.

PoedinciMesto3

Во категоријата училишта 30.000 денари доби ОУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје. Во категоријата на градинки, првата награда и припaдна на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија.

„Овој уникатен предизвик во кој учесниците на креативен начин го реформулираат значењето и функцијата на отпадот, секоја година одново нé импресионира со иновативноста, начинот на изработка, умешноста и креативноста на авторите. Има навистина многу еколошки ангажирани уметници и креативци, училишта и градинки кои и оваа година осмислија добра приказна и освоија супер награди. Им честитам на добитниците и на сите финалисти, а ги повикувам сите останати да се инспирираат од нивните дела кои се веќе изложени во Веро-центарот“, изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Конкурсот како и секоја година се фокусираше на намалување на користењето, повторно искористување и рециклирање на амбалажниот отпад низ процес на креирање од кој низ годините произлегоа проникливи уметнички дела кои провејуваат со досетливост, креативност и вештина во изработката.

Повеќе информации во врска со резултатите од конкурсот и наградените поединци, училишта и градинки, може да најдете на веб-страницата www.pakomak.com.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365