Агенцијата McCann Белград освои 11 награди кои Здружението за деловни комуникации на Србија (UEPS) ги доделува на традиционалната свеченост по повод Ден на пропагандистите. За наградите одлучуваше жири составено од признати стручњаци од областа на деловните комуникации, а за прв пат е организирано и онлајн гласање.
„Kрајот на годината е воедно и фестивалска сезона за нас, а наградите UEPS ја заокружуваат и воведуваат во завршница оваа динамична година – за нас исто така и јубилејна година, односно 20 години работење. Се радуваме што на овогодишните успеси ги додаваме и овие UEPS признанија. Им благодарам и им честитам на сите колеги, патнери и соработници на овај успех” изјави Оливера Перковиќ, директор на агенцијата McCann Белград.
Од 15 пријавени кампањи, агенцијата McCann Белград е наградена со 11 признанија, со што го потврди успехот од претходните години. Злато освоија за кампањата со првите рачно ткаени, односно плетени билборди на Coca-Cola. Со сребро и бронза наградени се две кампањи за MTS, додека бронзено признание добија и Slazna Plazma, Pirulolci, BelhHospice, McCann Talks, Rosa, како и две бронзи за Coca-Cola рачно ткаените/плетени билборди.
Здружението за деловни комуникации на Србија (UEPS) е асоцијација чијашто основна цел е афирмација и унапредување на комуникациската, маркетинг и ПР професија.