Home » Во фокусот » Double Down Finger licking moment во KFC Германија

Double Down Finger licking moment во KFC Германија

Додека во Америка со Бургерите главно се таргетираат мажите, секогаш се смета како луда идејата да се таргетираат “Hard Core Burgers Lovers’’ во Германија со специфичен Бургер со кој особено се таргетира машката популација. KFC Германија сака да го смени тоа со лансирање на limited edition сендвич именуван Double Down и составен од сланина и сос и два пилешки филети кои го заменуваат лебот.

Со целосен фокус на новиот сендвич се истакнува неговата USP (Unique Selling Proposition): двата пилешки филети кои го заменуваат лебот и го прават Double Down сендвичот уникатен. Double Down сендвичот е претставен како Херој во рекламата бидејќи не` спасува кога сме гладни.

Branding:

Првата цел е да се остави брендираниот сендвич Double Down да ги создаде своите уникатни асоцијации и затоа е само “slightly’’ подржан од корпоративниот бренд KFC кој што служи како ‘’token endorser’’ во случајов и се наоѓа најгоре десно во рекламата. Специјалните промоции треба да бидат промовирани на посебен начин.

Другата цел во оваа реклама е да се избегне ‘’over branding’’ од различни причини. Како што веќе напоменавне корпоративниот бренд KFC стои десно горе во целата реклама и има улога на token endorser и е малку видлив и со тоа му ја дава целата моќ на Double Down сендвичот. Визуалниот чекан (The Visual Hammer) oд полковникот Сандерс (The Colonel Sanders) е етаблиран чекор по чекор се до самиот крај на рекламата од различни причини. Полковникот Сандерс не е многу познат во Германија и секако стратегиски е подобро да се развие прво желбата (building desire) за Double Down сендвичот, па потоа да се поврзи со KFC кој што има улога на strong endorsement strategy на крајот на рекламата. Со тоа исто се избегнува конфузија со Burger King и Mcdonalds правејќи чиста слика дека Double Down сендвичот е од KFC.

 Associations : Basic instincts for food

Двете лица почнуваат дијалози ‘’ глад’’ ‘’глад’’ ‘’месо месо’’ ( Hunger Hunger, Fleish Fleish) и со тоа се будат асоцијации од каменото време кога луѓето главно се хранеле со месо ловејќи животни. Со евокација на овие асоцијации ние ги будиме првичните инстикти (primal instincts for food) кои што се длабоко вкоренети во потсвесниот ум и при еволуцијата на човекот останале исти.

Bromance :

Рекламата исто има за цел да ги зајакне асоцијациите за блиско пријателство наречено Bromance, збор користен во овој случај – Bro and Romance. Bromance симболизира поминување време заедно, но исто и страста и искуството што го правиме заедно. Живееме во свет на социјалните мрежи. Луѓето излегуваат надвор заедно, но реално не поминуваат време заедно бидејќи сите се зафатени со нивните смартфони. Луѓето секогаш се обидуваат да постираат и споделуваат на социјалните мрежи. Зошто да не уживаат во времето поминато заедно ? Затоа оваа реклама ја потенцира релацијата Bromance.

Target groups :

Главниот фокус се двајца помлади мажи кои што искусуваат ‘’finger licking moment’’ во KFC. Сепак во оваа реклама имаме и девојка која што има simpathetic funtion. Taa кажува ‘’Pflem Pflem’’. ’Pflem Pflem’’ е германска изрека и значи ‘’You guys are nuts’’ бидејќи девојката не може да сфати како може момците да се толку луди по сендвичот. Дуплирањето на зборовите ’’Pflem Pflem’’ се изразува исто заради двојното пилешко филе кое го заменува лебот.

Иако таргет група на KFC се мажите, жената е сепак во улога на пасивен таргет во рекламата. Зошто? Бидејќи рекламата сака да покаже дека секој е добредојден во KFC, иако сите нема да посегнат по Double Down сендвичот. Затоа можеме да видиме и девојки KFC.

 

Автор Душан Пецов

Душан се интересира за Brand Equity, Бренд Маркетинг и Однесувањето на потрошувачите. Моментално е ангажиран во Nestlé Македонија како Trainee in Trade Marketing

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365