Home » Во фокусот » Dove се извини заради расистичката реклама на Фејсбук

Dove се извини заради расистичката реклама на Фејсбук

Рекламата прикажува црна жена покрај која се наоѓа еден од производите на Dove за нега на телото. Жената на себе има маичка во боја на својата кожа. Следната слика – таа ја соблекува маичката и се претвара во бела жена.

Третата слика која се споделуваше на социјалните мрежи покажува друга сцена каде што ја белата жена ја соблекува маичката како би открила жена од азиско потекло.

Веднаш после тоа следеа критики на Твитер и брендот набрзо ја отстрани рекламата.

“Фотографијата која неодамна ја објавивме на Фејсбук не ја исполни замислената намера да ги застапи жените кои не припаѓаат на белата раса“ напишаа од козметичката компанија на Твитер и додадоа: “Длабоко жалиме заради навредите кои ги предизвика рекламата“. На Фејсбук брендот истакна дека ќе ги користи повратните информации од потрошувачите на социјалните мрежи  од кои ќе се води во иднина“.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365