Home » Во фокусот » Dove во Велика Британија направи нови пакувања на гелови за туширање кои ги имитираат различните облици на тела

Dove во Велика Британија направи нови пакувања на гелови за туширање кои ги имитираат различните облици на тела

Со „Real Beauty Bottles“ пакувањата брендот ги преточи идеалите на својата кампања и во дизајн на амбалажата

Веќе повеќе од десет години, Dove спроведува кампања „Real Beauty“ која ги преиспитува нашите идеи за тоа што е убавината, што таа значи, и зошто за неа имаме мислење какво што имаме. Неодамна брендот ја прошири својата порака преку нова Real Moms кампања и линија на производи, односно ги „хакираа“ сервисите за сток фотографии со цел да ги охрабрат агенциите и компаниите да користат реалистични прикази на силни, прекрасни жени.  Овај бренд сега во Велика Британија ги преточи овие идеали и во дизајн на своите амбалажи.

Ограниченото издание на пакувањата која ги креира агенцијата Ogilvy Лондон, под називот „Real Beauty Bottles“,  се состои од 6 различни облици на гелови за туширање кои илустрираат различни типови на тела, од ниски и заоблени до високи и слаби. Dove по овај повод изјави: „Секое шишенце претставува облик, големина, заобленост и рабови кои се комбинираат така што секоја жена има своја сопствена ограничена едиција. Тие се единствени, баш како и вие. Но, понекогаш на сите ни треба потсетник за тоа. Неодамнешното истражување Dove Global Beauty and Confidence Report откри дека секоја втора жена осеќа дека социјалните медиуми вршат притисок на нив да изгледаат на одреден начин. За среќа, многу жени се борат заедно со нас за ширење на самодоверба во својата убавина .“

Но, приемот на овој потег на социјалните мрежи и не е многу сјаен како што се надевале од кампанијата и агенцијата. Многу корисници на социјалните мрежи толку го исмеваат овај потег, понекогаш и со навистина духовите постови како што е овај подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365