Home » Во фокусот » Драган Бјелогрлиќ е “кралот“ во новата реклама на новото “Крали Марко“

Драган Бјелогрлиќ е “кралот“ во новата реклама на новото “Крали Марко“

Еден од адутите на Прилепска Пиварница, секако покрај носечкиот бренд “Златен Даб“, “народното“ “Крали Марко“ периодов е во мисија на ре-позиционирање на нашите трпези со кампања која вклучува и мини ре-брендирање.

Најпрво беше претставена новата етикета каде црвената и белата боја си ги сменија местата од досега и добивме чист дизајн со црвена позадина и убав, читлив фонт (бели букви) и сето тоа заокружено со идеална нијанса на “златна“ лента.

После претставувањето на новиот изглед, како што е редот, беше претставена и новата реклама која од вчера имавме прилика да ја видиме и на водечките ТВ станици во државава.

Главната улога таму, на “крал во кафаната“, ја игра популарниот балкански актер Драган Бјелогрлиќ а низ одличното сценарио не води феноменално избраниот глас за нарација.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365