Home » Во фокусот » Dropbox се ребрендира и се обраќа на креативците во новата кампања

Dropbox се ребрендира и се обраќа на креативците во новата кампања

Новиот имиџ е инспириран од креативноста на корисниците на оваа услуга

Dropbox, кој претставува еден од најпознатите светски сервиси за складирање и размена на податоци преку „cloud“, започна целосно ребрендирање со кое ќе внесе живописни бои и нов живот во компанијата, со тоа одбележувајќи 10 години работа.

Најголемиото ребрендирање во историјата на оваа компанија е проследено со глобална кампања која најпрвин ќе се спроведе во Велика Британија, САД и Австралија.

Едноминутниот оглас им порачува на уметниците и креативците дека “на светот им треба вашата креативна енергија“, а како дел од настојувањата да се позиционира како дигитален работен простор на овие креативци.

Carolyn Feinstein, маркетин директор на Dropbox, по тој повод, изјави: „Нашиот нов бренд дизајн е инспириран од работата на нашите корисници. Секојдневно не потсетуваат на што сме способни кога ќе ја ослободиме својата креативна енергија. Не мора да бидете сликар и творец на документарци. Сите сакаме да работиме нешто што има значење, што ги одразува нашите идеи и нашите потенцијали.

Вели дека е инспирирана од музичарите, дизајнерите, медицинарите и многу други кои на уникатни индивидуални начини ја користат оваа платформа. Компанијата ја сподели приказната за ребрендирање и на својот блог. Тврди дека сака да инспирира креативна енергија, а не да ја исцеди како што многу професионални занимања денес знаат да направат.

Новиот изглед го осмислија и направија во Brand Studiо во Dropbox, во соработка со компаниите Collins, Instrument, XXIX, Sharp Type и Animade.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365