Таргетирајќи ги европските граѓани кои традиционално ја поврзуваат зимата со снежни планини, скијање и Божиќ, туристичкото биро на Дубаи сака да понуди алтернативна визија за сезоната – со сонце, песок, одморалишта и релаксација.
Кампањата, едноставно насловена “The Winter” („Зимата“), ги носи гледачите на „зимско“ патување во град кој може да се пофали со над 1000 километри плажи, природни пејзажи и низа искуства – од релаксирачки одмор во чамци по Дубајскиот канал, до џет-скијање кое го крева адреналинот.
Прикажувајќи го разновидниот простор, луѓе, бои и светла на Дубаи, филмот ги носи гледачите и на Дубајскиот зимски саем, еден од наголемите меѓународни саеми во светот, кој се одржува од октомври до март.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wunderman Thompson и продукциската куќа Camouflage. Режисер на спотот е Федерико Маразиси од продукциското филмско студио Great Guns.