Home » Во фокусот » Душан Дракалски стана дел од “Куќата на славните“ на Голден Драм

Душан Дракалски стана дел од “Куќата на славните“ на Голден Драм

Регионалниот креативен фестивал Голден Драм (Golden Drum) официјално објави дека нов член на “Куќата на славните“ (Hall of Fame) станува регионалниот креативен директор на агенцијата Њу Момент, македонецот Душан Дракалски, кој е признаен како еден од најкреативните и најискусни комуникациски специјалисти во регионот.

Душан Дракалски - Њу Момент Њу Идеас

Душан Дракалски – Њу Момент Њу Идеас

Душан Дракалски е главен креатор на повеќе светски-наградувани кампањи на најголемите регионални и глобални фестивали, а секако како круна во кариерата е и Титаниумскиот лав од 60-тото издание на Cannes Lions. Неговите проекти биле прогласувани за најдобри и на фестивали како Eurobest, New York Festival, Epica, Golden Drum, Moscow International Advertising Festival, Balcannes и повеќе други.

Својата кариера ја започнал во 1997 во S Team Bates Saatchi&Saatchi а потоа е дел од New Moment New Ideas Company.

Дракалски со ова вклучување во “Куќата на славните“ на Голден Драм, се приклучува на листата која ја сочинуваат повеќе исклучително ценети имиња на луѓе кои на свој начин ја одбележуваат професијата како: Adrian Boțan, Jure Apih, Farid Chehab, Ivan Chimburov, Michael Conrad, Jan Mariusz Demner,Meta Dobnikar, Ami Hasan, Jiri Mikeš, Juli Nemes, Günseli Ocakoğlu, Milka Pogliani, Ulrich Proeschel,Daniel Ružička, Dragan Sakan, Juraj Vaculik, Vital Verlič, Darek Zatorski и Jarek Ziebinski.

Дракалски ќе биде и овогодишен спикер на Голден Драм каде ќе зборува на темата “Time, Dreams, Plans and some Sketches“

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365