Home » Во фокусот » “Двеодолива комбинација“ – нова кампања за Чоко Стоби Флипс

“Двеодолива комбинација“ – нова кампања за Чоко Стоби Флипс

Еден од омилените брендови во Македонија, Стоби Флипс на Витаминка, изненади со уште една своја кампања, овојпат за Чоко Стоби Флипс, наменета за помладата генерација, но и за сите љубители на слатките и квалитетни задоволства.

Кампањата е дело на целокупниот тим на маркетинг-агенцијата Division, која стои зад многу успешни проекти поврзани за оваа компанија.

Она што го прави Чоко Стоби Флипс интересен и уникатен е тоа што претставува совршена комбинација од две убави работи, совршен микс од највкусниот флипс и најдоброто чоколадо“, ни изјави Марко Стојановиќ, креативниот директор на Division. „Од таа комбинација на две навидум неспоиви нешта потекна и идејата за кампањата, а тоа е да прикажеме различни предмети кои заедно создаваат нешто ново и подобро. Дури и слоганот на кампањата, ДВЕОДОЛИВА КОМБИНАЦИЈА, е резултат на едно такво мешање на два елементи”.

Покрај забавната 3Д анимација, во склоп на интегрираната кампања се вклучени и многу други комуникациски канали во духот на оваа интересна идеја, која со сигурност ќе му се допадне на секого што ќе ја види.

 На линкот може да ја погледнете целата анимација.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

One comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365