Home » Во фокусот » Двојно зголемено рекламирањето алкохол во американските филмови

Двојно зголемено рекламирањето алкохол во американските филмови

Истражувањето на универзитетот Дартмут покажа дека пласирањето на алкохолни производи во последните две децении е речиси двојно зголенено во  популарните американски филмови препорачани за сите возрасни категории, а особено во филмови кои се означени како содветни за деца

Децата и младите ги гледаат филмските ѕвезди како пример, вели Џејмс Д. Сарџент, автор на студијата и професор на Медицинскиот факултет Гајзел на Универзитетот Дартмут. “Кога омилената ѕвезда конзумира одреден бренд на алкохол, овој бренд се поврзува со сите карактеристики што младите обожаватели ги гледаат во својот филмски идол. Поради тоа, не е чудно што брендовите, кои најчесто се гледаат во филмовите се оние кои најмногу се рекламираат, а истите алкохолни пијалоци се оние кои малолетниците најчесто ги пијат”, објаснува Сарџент.

Во текот на две децении истражување, научниците секоја година ги испитувале најгледаните филмови во американските кина. Заклучиле дека пласирањето на брендирани алкохолни пијалоци се зголемувало во просек за пет проценти секоја година, а вкупно се зголемило за 92 проценти.

Се покажало дека пласирањето на алкохолни производи во последните две децении е речиси двојно зголемено во популарните американски филмови препорачани за сите возрасни категории, но особено во оние филмови кои се означени како соодветни за деца.

Научниците од Дартмут претставија и други откритија кои ги дознале за време на оваа студија. Тие откриле дека употребата на алкохол е прикажана во 87% (1.741) од сите испитувани филмови.

Одредени брендови на алкохолни пијалоци се појавиле во 44% (867) од нив. Сцени во кои актерите пијат алкохолни пијалаци се пронајдени во 85% (1.108) од најгледаните филмови кои се означени како соодветни за деца. Алкохолни брендови се појавиле во 41% (533) филмови за деца.

“Алкохолот продолжува да биде омилен порок на младите, која секоја година во САД зема 4.300 животи на лица помлади од 21 година”, вели коавторот на студијата Саманта Цукиер.

Истражувањето укажува дека младите од година во година, се повеќе се изложени на рекламирање алкохолни пијалоци во филмовите. Тоа е загрижувачки, бидејќи повеќе пати е докажано дека оваа практика влијае на зголемената употреба на алкохол и ја зголемува стапката на проблематично пиење.

Д-р Цукиер изјави дека наодите од студиите можат да влијаат и на регулативата за компаниите за производство на алкохолни пијалаци. Сè поголемата промоција на брендовите во филмови наменети кон деца и адолесценти го поставува прашањето колку самата компанијата води грижа за пласирање на алкохол.

“Мислам дека компаниите за производство на алкохолни пијалоци не прават доволно за да го избегнат промовирањето на своите производи кај малолетниците”, вели ко-авторката на студијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365