Home » Во фокусот » Џејмс Бонд доби нов помошник во новата реклама на Heineken

Џејмс Бонд доби нов помошник во новата реклама на Heineken

Нов ден, нов Џејмс Бонд филм, уште една сцена со бркотница во реклама на Heineken – но со еден поинаков херој.

dzjems bond heineken 2015

Даниел Крејг (Џејмс Бонд) е заштитното лице во новата 90-секундна, високо-октанска реклама од Wieden+Kennedy Amsterdam и MJZ режисерот Том Кунтц – промовирајќи го и пивото и новиот филм во 007 франшизата – Spectre, кој треба да излезе на 6 ноември.

Форматот на рекламата се надоврзува на таа од 2012 по повод излегувањето на Skyfall, кога случај на помешан идентитет пронајде Хајнекен ‘Човек на светот’ – вашиот секојдневен Бонд – вешто избегнувајќи ги негативците кои мислеа дека го бркаат Крејг.

Овој пат, ‘невиниот’ кој несакајќи е вклучен во акцијта е една еднакво вешта жена, која изгледа перфектно опуштена откако е повлечена на водени скии од глисерот на Бонд, носејќи послужавник со пива и користејќи ги своите женски лукавства за да ги насука ‘лошковците’.

Во своето јадро, рекламата е конзистентна со адвертајзинг темите на Heineken во последниве пет години – елегантни мажи кои се забавуваат и шармираат убави жени насекаде во светот.

Ова е последниот проект на W+K Amsterdam за Heineken кој го менува својот стратешки курс и како нова агенција ја ангажира Publicis.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365