Европската асоцијација на агенции за пазарни комуникации (EACA) ги претстави финалните насоки за етикчка примена на вештачката интелигенција, со кои се нагласува силната посветеност на индустријата кон одговорна, транспарентна и законска примена на вештачката интелигенција.
Во насоките се истакнува значењето на човечкиот надзор над системите со вештачка интелигенција, како и нивната усогласеност со постојните европски и национални законодавни рамки.
Документот ги обединува најдобрите меѓународни практики и релевантните регулаторни упатства, обезбедувајќи им на агенциите конкретни и применливи принципи поврзани со транспарентноста, заштитата на личните податоци, намалувањето на пристрасноста, заштитата на ранливите групи и одговорната интеграција на вештачката интелигенција во креативните, стратешките и оперативните процеси.
Посебен акцент е ставен на зачувувањето на довербата на потрошувачите преку одговорно користење на вештачката интелигенција, како и на етичката одговорност на комуникациската индустрија во дигиталната средина.
Документот е достапен за разгледување и преземање на следниот ЛИНК.
















