Во 2018 година, НАСА го ангажирала хемичарот Стив Пирс, основач на компанијата за мириси и вкусови Omega Ingredients, да создаде парфем кој соодветствува на мирисот на вселената. Парфемот потоа би бил употребуван при тренингот на идните астронаути на НАСА со цел тие предвреме да се навикнат на мирисот на вселената.
На истражувачите им биле потребни четири години за да ја откријат вистинската формула, постојано консултирајќи се со астроунаутите кои ја имале можноста да го почувствуваат уникатниот мирис. Крајниот продукт потсетувал на некаква комбинација од барут, загорено месо, малини и рум.
Создавачите на мирисот сакале да го направат својот производ достапен за сите вселенски ентузијасти на Земјата под брендот Eau de Space, но имале недостиг од средства за да го реализираат својот комерцијален план. После некое време, тие решиле да започнат Kickstarter кампања, која сé уште е во тек. Но, очекувано, таа веќе го надмина бараниот буџет од само 1,969 долари, собирајќи 90,197 долари со уште 46 дена преостанати до нејзиниот крај.
Можеби е сé уште рано за комерцијални патувања во вселената, но барем Земјаните ќе можат да го почувствуваат нејзиниот мирис.