Home » Extra 5 » Една третина од ретките шкотски виски се лажни

Една третина од ретките шкотски виски се лажни

Во татковината на вискито, Шкотска, испитувањето на квалитетот на националниот пијалок ги шокира дури и стручњаците. Повеќе од половина наводно стари шишиња виски се фалсификувани, а најмногу измами има поврзани со годината на производство.

Во Шкотска, вискито е толку почитувано што постои Национален универзитетски центар за проучување на овај пијалок. Експертите испитуваа голема количина шишиња од таканаречените “singl malt” виски, кои би требало да бидат најдобри во светот. Шишињата се земени од најпрестижните продавници во Единбург, а применета е најсовремена технологија за одредување на староста.

“Внимателно земеме примерок преку тапа, не подлабок од милиметар. Го дестилираме етанолот од алкохолот, го претвораме во јаглерод и ја измериме староста”, наведува професорот Гордон Кук од Националниот центар за истражување на виски.

Резултатите биле катастрофални.

Енди Симпсон од Центарот за ретки виски шишиња вели дека биле тестирани 55 шишиња „singl malt“” шкотско виски. “Фалсификувани се дваесет и едно шише. На етикетата пишува дека тоа е виски од 1850 година, но всушност не е постаро од 30 години”, забележува Симпсон.

Резултатот што никој не очекуваше покренува голем број на прашања. За измамите не се одговорни продавниците, кои купиле виски директно од дестилерите, а тие сеуште не се огласиле. Во тужбите што најверојатно ќе следат, отштетите може да бидат астрономски. Имено, некои виски, наводно стари речиси два века, биле продавани за 25 до 30 илјади фунти по шише, а се купувале  на големо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365