Home » Во фокусот » Effie Croatia Awards 2018: Претставени членовите на жирито

Effie Croatia Awards 2018: Претставени членовите на жирито

Стручното жири е составено од претставници на огласувачите и агенциите за деловно комуницирање, а со него претседава Иван Шувар од Загребска пивара

 

Во тек се пријавите за натпреварувањето Effie Croatia кое ја слави ефикасноста на маркетинг комуникациите. Effie веќе деветта година во Хрватска ги наградува огласувачите и агенциите кои со својот стратешки пристап, квалитетна комуникација и реализација на идеите, посебно се истакнале во сегментот на маркетинг активностите и постигнатите резултати на пазарот. Всушност, тоа се клучните критериуми според кои жирито ќе одлучува за добитниците за златните, сребрени и бронзени награди Effie.

Жирито брои дури дваесет членови кои се предводени од Иван Шувар, маркетинг директор на Загребска пивара, добитник на минатогодишната Гранд при награда за проектот „Почешај ги со причина“. Покрај него, во жирито се наоѓаат некои од најдобрите и најискусните маркетинг стручњаци во Хрватска кои доаѓаат од редовите на огласувачите и агенциите: Весна Влаховиќ-Дашиќ (Coca-Cola Adria), Нина Пентек (Erste & Steiermärkische Bank), Норман Милер (Huawei Technologies), Бранка Бајт (Hrvatski Telekom), Дарко Пејновиќ (Pliva), Филип Рабузин (Heineken Hrvatska), Владимир Гњидиќ (METRO Cash & Carry), Дино Бијаќ (Adria Snack Company), Звонимир Секи (Jamnica), Крешимир Рензо Просоли (Real grupa), Марио Ловриќ (Universal McCann), Марко Матејчиќ (MediaCom), Ева Ренер (Dentsu Aegis Network), Динко Брчиќ (BBDO Zagreb), Дина Дретвиќ (Imago Ogilvy), Иван Таниќ (Bruketa&Žinić&Grey), Вања Шебек (Dibs), Вања Берталан (web.burza) и Анте Шалиновиќ (Ipsos Adria).

Фото: Slavko Midzor/PIXSELL

Одсекогаш било голема чест и признание да се качиш на сцената на Денови на комуникациите по бронзена, а уште повеќе по сребрена и златна, па и Гранг при статуетка. Тоа нас ни значи многу, затоа што ги доделува самата струка, што има посебна тежина. Затоа, чувството сега е неописливо. На сите однапред им благодарам за доаѓањето во Ровињ, за пријавените кампањи и за учеството. Добродојдовте на Денови на комуникациите 2018” изјави Иван Шувар, претседател на жирито на натпреварувањето Effie.

Наградите Effie Croatia, се најважните стручни награди во Хрватска според мислењето на огласувачите (Ipsos истражување, 2016), а доделувањето и прогласувањето на победниците ќе се одржи во Ровињ на Денови на комуникациите од 12 до 15 април 2018 година.

Пријавите се отворени до 22 февруари 2018 година, а подетални информации за пријавите и учеството, можете да најдете на официјалната страница effie.hr.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365