Home » Во фокусот » Ефтимовски: Огласувачите да ги зголемат буџетите за дигиталните издавачи во Македонија

Ефтимовски: Огласувачите да ги зголемат буџетите за дигиталните издавачи во Македонија

Претседателот на ИАБ Македонија, Борис Ефтимовски ги повика најголемите огласувачи во Македонија во своите адвертајзинг буџети за наредната година да го зголемат делот предвиден за огласување преку домашните веб портали.

“Очекуваме од домашните компании и медиски агенции во своите буџети за наредната 2019 година да издвојат поголем дел за дигиталните издавачи и македонски веб портали, пропорционално на импактот кој тие го имаат во секојневието на македонските граѓани“ – вели Ефтимовски и надополнува: “Просто неверојатно звучи податокот дека третата најголема национална телевизија има поголеми приходи од водечките 30 македонски веб портали заедно. Овој сооднос помеѓу огласувањето на двата водечки канали, телевизијата и интернетот, е неприфатлив и целосно не одговара на улогата која веб порталите ја имаат во општеството во делот на информирање, едукација, забава и во севкупното поминато време на медиско конзумирање“.

Според него, огласувачите треба дополнително да го поддржат развојот на квалитетните веб портали во Македонија и процесот на само-регулација, преку поголема застапеност на веб медиумите кои го прифаќаат Етичкиот Кодекс на ИАБ во нивните медиски планови.

ИАБ Македонија е дел од интернационалната мрежа IAB Worldwide со седиште во Њујорк, која преставува најголема глобална мрежа што ги обединува медиумите, маркетинг агенциите и огласувачите со цел развој на онлајн огласувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365