По повод Денот на Мајката, празник кој во САД се одбележува на втората недела од месецот мај, односно 12 мај оваа година, технолошкиот гигант Google објави нова реклама во која го промовира својот гласовен асистент.
Во едноминутниот спот создаден од агенцијата Swift, децата го повторуваат истиот и вечен референ „Еј, Мамо!“. Прикажаните сцени се познати на секој родител – деца кои се соочуваат со најразлични тешкотии и ги бомбардираат своите мајки со барања и прашања, без разлика дали заглавиле во домашната задача, тагуваат после смртта на домашен миленик или поставуваат некои „научни“ прашања како „Од каде потекнува прашината?“, сите обединети во првиот повик „Еј, Мамо!“.
На крајот, во момент на релативна тишина, кога се чини дека се’ е мирно, една мајка сфаќа дека не е осамена во мајчинските предизвици. „Еј, Мамо“ преминува во „Еј, Google“, по што дигиталниот асистент ја поврзува изморената мајка со единствената жена која најдобро знае низ што таа поминува – нејзината сопствена мајка.