(31.08.2020) – Ексцентричниот Елон Маск ја одржа својата прва јавна презентација и демонстрација посветена на Neuralink – стартап чија цел е создавање чип со кој ќе може да се излечат низа невролошки нарушувања како деменцијата, паркинсоновата болест и повреди на ‘рбетниот мозок.
Маск ја демонстрираше работата на компјутерскиот чип ставен во главата на три свињи, објаснувајќи ја нивната мозочна активност со графикони кои ги документираат сигналите на процесорот интегриран во нивниот мозок.
Чипот кој бил употребен во експериментот содржел повеќе од 3.000 електроди, врзани со мозокот преку флексибилни нишки кои се потенки од човечко влакно, без да се предизвикува никакво оштетување на мозочното ткиво. Очекувањата на тимот од Neuralink се дека овој чип ќе може да ја следи активноста на 1.000 мозочни неврони.
Презентацијата беше стримувана во живо преку ЈуТјуб и може целосно да се погледне на следниот линк: