Home » Во фокусот » Epica Awards ги отвори early bird пријавите за сезона 2017

Epica Awards ги отвори early bird пријавите за сезона 2017

Единствените креативни награди на светот во чиешто жири седат новинари посветени на креативната индустрија го отвара своето 31 натпреварување со многу новости. Нов претседател на жирито, нова локација и нови категории се само некои од промените оваа година.

Огласувачки, ПР, дизајнерски и дигитални агенции, како и продукциски куќи, ќе можат уште сега (во месец август) да ги пријавуваат своите кампањи (со early bird попуст од 100 €), додека рокот за поднесување на пријавите истекува на 31 септември.

Претседател на жирито 2017 година, ќе биде Spencer Baim, стратешки директор во VICE Media.

Самата церемонија на доделување на наградите ќе се одржи на 16 ноември во Meistersaal, историска концертна сала во Берлин изградена во 1910 година, а ќе и` претходи годишна конференција чијашто тема оваа година е Креативна сингуларност: како технологијата ја поттикнува креативноста.

До сега потврдени предавачи се Richard Wilson, коосновач на организацијата Stop Funding Hate; Preethi Mariappan, извршен креативен директор за нови искуства во EMEA регионот во агенцијата Sapient Razorfish; Sascha Martini, генарален директор на R/GA Берлин и Patrick Lara, генерален директор на Publicis Conseil.

По повод овогодинешните награди, уредникот на Epica наградите Mark Tungate изјави: „Драго ни е што се враќаме во Берлин, кој е еден од највозбудливите и најкреативните градови на светот. Бидејќи тој е центар на стартап талентите, сметавме дека би било соодветно да се истражи спојувањето на световите на технологијата и креативноста на нашата конференција, па затоа и темата The Creative Singularity – Креативна сингуларност.“

Epica исто така ја претстави и својата сопствена огласувачка кампања, која оваа година е направена интерно. Впечатливата кампања содржи порака „Ве гледаме“ (“We are watching you”), составена од букви исечени од списанија и сајтови во жири на Epica наградите.

Epica Awards се единствените креативни награди на светот во чиешто жири седат новинари посветени на креативната индустрија. Тие нудат независно жири и глобална медиска покриеност на своите учесници. Започнати пред 31 година, овие награди денес претставуваат интернационално признание за креативноста и привлекуваат илјадници пријави од повеќе од 70 земји.

Во жирито на овие награди седат преку 60 уредници и искусни новинари.

Комплетната листа на членовите на жирито, можете да ја погледнете овде.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365