Home » Digital » ЕУ го казни Гугл со 1.5 милијарди евра поради “нелегални договори“ за онлајн огласување

ЕУ го казни Гугл со 1.5 милијарди евра поради “нелегални договори“ за онлајн огласување

Ова е третата најголема казна што ја наметнаа регулаторите на ЕУ на интернет гигантот во текот на изминатите две години

Гугл е казнет со 1,5 милијарди евра од страна на регулаторните органи на ЕУ за кршење на прописите од областа на онлајн огласувањето.

Паричната казна се однесува на услугата AdSense, за која ЕУ наведува дека наметнала неправедни услови за компаниите, вклучувајќи го и спречувањето на ривалите да се појавуваат со реклами во пребарувањата поради “договорот за ексклузивност” со одредени издавачи.

Овие договори потекнуваат помеѓу 2006 и 2009 година и вклучуваат клаузула за “премиум позиционирање” која спречува рекламите од конкурентните компании да се појавуваат на одредени рекламни позиции.

“Гугл ја зајакна својата доминација во рекламите во онлајн пребарувањето и се заштити од притисокот на конкуренцијата преку воведување на договорни ограничувања кои се во спротивност со прописите на конкуренција на веб сајтови на трети страни. Ова е спротивно на законите во однос на правилата на ЕУ за заштита на конкуренција”, изјави комесарот за конкурентност на пазарот Маргарет Вестеџер, и додаде:” Кршењето траеше во период од десет години и спречи другите компании да се натпреваруваат врз основа на заслуги и иновации – а потрошувачите имаат корист од конкурентниот пазар “.

Паричната казна во износ од 1,5 милијарди евра е третата најголема казна што Европската Унија ја изрече на Гугл во текот на изминатите две години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365