Home » Digital » Еуростат: Речиси секоја втора компанија во ЕУ користи барем една социјална мрежа

Еуростат: Речиси секоја втора компанија во ЕУ користи барем една социјална мрежа

Број на компаниите во Европската унија кои користат социјални медиуми постојано расте, така што во 2017 година речиси секоја втора компанија користела таков облик на комуникација.

Имено, во последните години, 47% од компаниите во ЕУ, од оние со најмалку десет вработени кои учествувале во истражувањето, користеле барем еден од различните видови на социјални медиуми, што претставува зголемување од 17% во однос на 2013 година, се наведува во извештајот на Европската статистичка канцеларија.

Притоа, најзастапени форми на социјалните мрежи, се Facebook и LinkedIn, чиј што удел на ниво на ЕУ изнесува 45%. Блогови и микроблогови, на пример, Twitter, користат 14% од компаниите, а мултимедијални страници за споделување на содржини, како што е YouTube, 16%.

Од земјите-членки, најмал удел на компании кои користат социјални медиуми е забележан во Полска, 27%, потоа 30% во Латвија и 34% во Бугарија. Од друга страна, според компаниите кои се активни преку социјалните медиуми, предничи Малта со 74%, додека во Данска, Ирска и Холандија е забележан удел од 68%, стои во извештајот на Еуростат.

Во Хрватска, учеството на компаниите кои користат барем еден социјален медиум изнесува 45%, исто како и во Германија, и е нешто повеќе од Италија, која бележи 44%.

Уделот на компаниите во ЕУ кои користат само еден вид на социјален медиум изнесува 26%, а 21% им припаѓаат на оние кои користат два или повеќе облици на такви медиуми.

Како што наведува Еуростат, 84% од компаниите во ЕУ користат социјални медиуми заради градење имиџ, како и за промоција и продажба на производи, а другата важна причина, за која се изјасниле повеќе од 50% од компаниите, е да се добијат мислења од клиентите и корисниците и да одговорат на нивните прашања.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365