Home » Во фокусот » “Европа” ги лансираше првите македонски чоколада со персонализирани пораки

“Европа” ги лансираше првите македонски чоколада со персонализирани пораки

За посебно уживање на Денот на вљубените, Фабриката за задоволства “Европа“ го објави лансирањето на нивните нови чоколади со персонализирани пораки.

Специјалните чоколади со модерен дизајн им овозможуваат на купувачите јасно да ја означат причината поради која им ги подаруваат истите на оние кои им значат.

Фото: Kajgana.com

Овие млечни чоколади доаѓаат во пакување од  100 г. и два вкуса – со лешници и со бадеми и претставуваат совршен подарок за љубителите на чоколада за празникот на  вљубените но и за секоја пригода.

Истите се достапни во специјализираните продавници на “Европа“ и поголемите маркети како Веро, Тинекс и Рамстор.

Треба ли воопшто причина за да споделите слатко изненадување со пријателите или вашите сакани?

Уживајте со слаткиот вкус на чоколадите на Европа…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365