Home » Во фокусот » Европска бизнис конференција на McCann мрежата во октомври во Белград!

Европска бизнис конференција на McCann мрежата во октомври во Белград!

Владимир Димовски, директор на McCann Adriatic

McCann Белград е избран да биде домаќин на McCann Worldgroup конференцијата, наречена LEADING TO WIN WITH CLIENTS. По тој повод во Белград, на 24 и 25 октомври, ќе се соберат лидерите на сите McCann агенции од Европа, како и менаџерите на McCann Worldgroup од Њујорк.

“Многу сум горд што токму Белград е избран да биде домаќин на овој значаен состанок во нашиот систем. Самиот настан е можност да размениме искуства меѓу себе и да ги анализираме најдобрите примери од практиката, да разговараме за новите трендови во креативната индустрија и да се запознаеме со најновите алатки и процеси создадени во рамките на агенцијата. Во тоа се огледа и силата на нашиот систем и користа која за нашите клиенти произлегува од фактот што McCann Adriatic агенциите се дел од таква развиена и моќна мрежа. Ова е истовремено и големо признание за McCann Белград и цела I&F Група, која што повеќе од дваесет години е еден од најважните партнери на McCann Worldgroup во светот”, изјави Владимир Димовски, кој е на чело на McCann Adriatic, во чиј состав е и McCann Белград, организатор на европската McCann Worldgroup конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365