Home » Digital » Европската комисија започнува истрага околу преземањето на Епл на апликацијата Шазам

Европската комисија започнува истрага околу преземањето на Епл на апликацијата Шазам

Комисијата е загрижена од фактот дека со преземањето на Shazam, Apple доби чувствителни податоци за клиентите и корисниците на други сервиси за стриминг на музика

Европската комисија започна истрага за преземањето на Apple на сервисот за стриминг на музика, Shazam. Како што беше најавено од самата Комисија, тие се загрижени дека таквиот потег го загрозил корисничко право на слободен избор на сервис за стриминг.

“Начинот на кој луѓето слушаат музика се промени многу во последниве години затоа што се повеќе Европејци користат музички сервиси за стриминг. Нашата истрага ќе биде фокусирана на тоа да се увериме дека љубителите на музиката сеуште можат да уживаат во атрактивни понуди и нема да страдаат поради помалиот број на понудени сервиси, по ова преземање“, изјави комесарот за пазарна конкуренција Маргарет Вестаџер.

Преземање на Shazam од страна на Apple би значело спојување на два добро познати играчи во дигиталната индустрија. Бидејќи Apple ги нуди истите услуги како Shazam преку својот сервис Apple Music, кој во последните три години стана втор по големина сервис за стриминг на музика во Европа, Комисијата е загрижена дека со ова преземање ќе се намали изборот на пазарот.

Најмногу загрижува фактот што Shazam има силна позиција на пазарот на апликации за препознавање музика, додека Apple ја држи позицијате на пазарот на сервиси за стриминг на музика.

Комисијата е загрижен од фактот дека со преземањето на Shazam, Apple доби чувствителни податоци за клиентите и корисниците на други сервиси за стриминг на музика, што би го ставил во поповолана позиција на пазарот.

Наодите на Комисијата треба да бидат објавени до 4 септември 2018 година. Ако резултатот е негативен, тоа може да го оневозможи преземањето на Shazam од Apple.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365