Home » Во фокусот » Европските креативци во април се собираат во Минск

Европските креативци во април се собираат во Минск

Неодамна, британскиот весник „The Independent“ го именуваше Минск како број 1 меѓу десетте европски градови кои треба да се посетат во 2019 година. Причината за тоа е што Европските игри оваа година ќе се одржат токму во главниот град на Белорусија од 21 до 30 јуни. Игрите ќе бидат проследени со 30-дневен бесплатен визен режим, обновено старо градско јадро со „хипстерски“ кафулиња и коктел браови, чисти, широки и безбедни улици и пријателски расположени жители.

Но, репрезентативците на креативната заедница имаат уште една добра причина за да го посетат Минск, но малку порано, за 11-то издание на Интернационалниот адвертајзинг фестивал White Square, кој ќе се одржи од 17 до 19 април. Веќе единаесетти пат, фестивалот на едно место ќе собере гости од преку 30 земји кои ќе дојдат во белоруската престолнина за да се запознаат со најновите трендови во креативната индустрија и да се инспирираат од најиновативните, најхрабри и најоригинални кампањи од сферата на креативноста, брендингот, маркетинот, дигиталните пазари итн.

Повикот за пријавување на кампањи е веќе отворен на официјалниот веб-сајт Adfest.by и трае до 29 март.

Кампањите може да се пријават во 7 натпреварувања – Creativity, Branding, Marketing, Digital, Creative Effectiveness, Media, Social advertising – кои се поделени во 21 поткатегории.

Евалуацијата на пријавените кампањи ќе биде извршена од страна на 6 интернационални тимови, составени од водечки креативци од најдобрите агенции во 20+ држави, при што половина од нив имаат долгогодишно искуство во жирирање на големите креативни фестивали во светот, вклучувајќи го и Cannes Lions.

Професионалниот пристап кон организацијата на фестивалот и процесот на оценување, како и квалитетот на пријавените кампањи, се многупати признати од страна на водечките претставници на интернационалната професионална заедница, како што се The Gunn Report, кои присуствуваа на White Square во 2016 година.

Покрај натпреварувачкиот дел, White Square 2019 нуди и тридневна едукативна програма составена од преку 70 различни активности – работилници, дебати и предавања од светски познати професионални кои ќе им овозможат на акредитираните учесници на фестивалот да бидат во центарот на европското креативно професионално движење. Програмата на фестивалот ќе биде комплетирана со три забави, возбудлива наградна церемонија и градски тури низ Минск за странските гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365