Европската асоцијација на комуникациски агенции (EACA) и Lodestar Agency Consulting ги отворија пријавите за учество во европското истражување Agency Model Map. Оваа дијагностичка алатка им овозможува на агенциите подобро да го разберат сопствениот бизнис модел и да ги идентификуваат можностите за негов понатамошен развој.

Прашалникот е наменет за директори на агенции и финансиски директори, а неговото пополнување трае околу пет минути. Веднаш по завршувањето, секоја агенција добива персонализиран извештај кој нуди увид во нејзиниот моментален модел на создавање вредност, клучните можности и предизвици, како и конкретни препораки за следните чекори.
Прибраните резултати ќе послужат за изработка на сеопфатниот извештај „The State of the Agency Value Model: Europe“, кој претставува прв европски преглед од ваков вид. Извештајот ќе го објави EACA во соработка со Lodestar Agency Consulting и Value Model Institute. Сите агенции кои ќе земат учество во истражувањето ќе добијат бесплатен примерок по неговото објавување, што ќе им овозможи директна споредба на сопствениот пристап со практиките на европскиот пазар.
Сите одговори во рамки на ова истражување се прибираат целосно анонимно и доверливо, а податоците ќе бидат прикажани исклучиво во збирна форма.
Кон истражувањето може да се пристапи на следниот ЛИНК.






























