Home » Digital » Фејсбук ги шири огласите и надвор од својата мрежа

Фејсбук ги шири огласите и надвор од својата мрежа

Фејсбук ќе започне да ги следи и оние кое не се корисници на оваа социјална мрежа за да им прикажува што подобро таргетирани огласи.

Измината недела Фејсбук најави офанзива на пазарот на интернет огласувањето која не е тесно поврзана со оваа друштвена мража.  Како што наведува WSJ, компанијата на Зукерберг на своите партнери огласувачи ќе им продава огласи кои ќе се прикажуваат и на другите страници  освен на Фејсбук, и тоа на сите кои се членки на нивната огласувачка мрежа Audience Network.

FacebookAudienceNetworkTeaser

На тој начин огласите би можеле полесно да допрат и до оние корисници кои немаат профил на Фејбук, бидејќи Audience Network ги прикажува огласите на сите посетители на страниците, без оглед на тоа дали тие користат Фејсбук или не.

Со оваа промена, Фејсбук ќе станат поконкурентни на Гугл во подрачјето на веб огласувањето. Исто така, овај потег е и донекаде контроверзен, затоа што во друштвената мрежа планираат да почнат по пат на cookies и другите алатки, да го следат однесувањето на интернет корисниците кои кај нив немаат отворено профил – а се со цел да им прикажат што порелевантни огласи.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365