Home » Digital » Фејсбук ги заострува правилата за политичко огласување во ЕУ

Фејсбук ги заострува правилата за политичко огласување во ЕУ

Компанијата Фејсбук објави дека ги заострува правилата за политичко рекламирање во ЕУ во пресрет на изборите за Европскиот парламент закажани за мај, во последните напори да се справи со лажните вести и зголемување на транспарентноста на нивните платформи

Почнувајќи од крајот на март, купувачите на политички реклами ќе мора да го потврдат идентитетот пред објавувањето на рекламите на оваа популарната социјална мрежа, се наведува во соопштението, пренесува Асошиејтед прес.

Прописите се слични на оние што оваа компанија ги воспостави минатата година во Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Бразил.

Според новиот систем, политичките реклами во ЕУ на Фејсбук ќе носат ознака “платени”, а кога ќе кликне на таквата реклама, корисникот ќе влезе во датотека во која ќе може да пребарува и каде што ќе може да дознае колку пари е потрошено на рекламата, колку пати таа е видена, како и информации за возраста, полот и локацијата на луѓето што ја гледале рекламата.

Ник Клег, задолжен за глобална политика и комуникации во компанијата Фејсбук, изјави во Брисел дека овие алатки вклучуваат не само изборни реклами, туку и реклами, кои не поддржуваат изрично некој кандидат или политичка партија, но се фокусирани на високо политизирани прашања како што е имиграцијата.

Фејсбук ќе го лансира истиот систем за политички реклами и во пресрет на претстојните избори во Индија, Украина и Израел, а во јуни планира да го прошири на глобално ниво.

Покрај тоа, со цел да се зголеми контролата, компанијата ја разгледува и можноста за формирање на независна комисија која би се занимавала со жалбите во однос на одлуките во врска со содржината на Фејсбук.

Стотици милиони луѓе во 27 земји-членки на ЕУ ќе гласаат во мај за 705 пратеници во Европскиот парламент.

Фејсбук и други интернет компании се најдоа на удар на критиките дека не направиле доволно за да се спречи злоупотреба на своите платформи од страна на групи кои се обидуваат да влијаат на исходот на изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365