Home » Digital » Facebook го менува својот алгоритам за да стави помал фокус кон содржини од медиуми

Facebook го менува својот алгоритам за да стави помал фокус кон содржини од медиуми

Очекувајте да гледате се’ повеќе слики од милениците на вашите пријатели и соопштенија за венчавки од вашата поширока фамилија на Facebook во следните недели. И очекувајте помалку вести.

Во уште еден удар кон медиа издавачите кои потрошија години на градење публика, а со тоа и сообраќај и приходи, социјалната мрежа ќе го префрли акцентот од вести кон постови на пријатели и членови на семејството. Facebook, во својот блог пост од синоќа, ги соопшти своите планови за неколку промени на алгоритмот на Newe Feed-от, со цел прикажаните постови да бидат порелевантни за личните животи на корисниците.

Facebook-Newsfeed

Facebook беше изграден со идејата за поврзување на луѓето со нивните пријатели и семејство,” напиша Адам Мосери, потпретседател на Product Management во Facebook. “Тоа е се’ уште водечкиот принцип денес. Нашиот главен приоритет е да продолжиме да ги поврзуваме корисниците со луѓето, местата и работите со кои сакаат да бидат поврзани, почнувајќи со луѓето со кои се пријатели на Facebook. Затоа, доколку постот е од вашите пријатели, тој ќе биде во вашиот news feed – вие само треба да скролате надолу.”

Според Мосери, истражувањата на компанијата покажале дека корисниците сакаат да се информираат и забавуваат преку својот news feed. Но, она што е информативно и забавно за едни, можеби не важи за други, затоа тој рече дека инжинерскиот тим на Facebook продолжува да работи на повеќе персонализирани препорачани постови кои ќе се појавуваат погоре.

Според еден извештај на Parse.ly, компанија за аналитика на дигитално публикување, објавен во Април, 41.4 проценти од рефералниот сообраќај кон веб-сајтовите на публикувачите доаѓа од Facebook. Тоа е нешто повеќе од Google, кој е одговорен за 39.5 проценти од посетите. Yahoo е на третото место со нешто помалку од 10 проценти, по што следат Twitter и Bing. Според Parse.ly, Facebook за прв пат го престигна Google на оваа листа минатото лето.

Помина веќе една деценија откако Facebook за прв пат го воведе својот news feed во 2006 година, и од тогаш се случија голем број на промени – јавни и приватни – кои го менуваа начинот како се дава приоритет на одредени содржини. Во засебен блог пост, инжинерскиот директор на Facebook Ларс Бекстром објасни како новите промени може да влијаат на постовите од медиа издавачите и маркетерите.

Се’ на се’, очекуваме дека овие промени ќе предизвикаат опаѓање на reach-от и рефералниот сообраќај кај некои страници,напиша тој. “Конкретниот ефект врз одредени страница може да биде променлив врз база на различниот состав на публиката која тие ја имаат.”

Тоа значи дека ако рефералниот сообраќај на одредени медиа издавачи доаѓа од интеракцијата на публиката со постот преку споделување, ‘лајкување’ и коментирање, ‘бизнисот’ може да продолжи по вообичаено. Меѓутоа, ако постовите се нешто што нема да биде интересно за читателите, страниците ќе забележат прилично силен ‘удар’.

И покрај тоа што не е јасно дали промените веќе се воведени или треба да се воведат, некои издавачи веќе забележуваат драматичен пад на сообраќајот.

Според едно скорешно истражување на SocialFlow, вкупниот Facebook reach на медиа издавачите во периодот од Јануари до Мај е паднат за 42 проценти. Френк Спесиер, ко-основач и Chief Product Officer на SocialFlow, изјави дека како медиумските компаниите  ќе реагираат на овие новитети е ‘критично’ во однос на тоа какви резултати ќе добиваат од Facebook.

Ова е сигнал дека издавачите и контент-куќите мора да го еволуираат својот пристап кон социјалните мрежи,” истакна Спесиер, додавајќи: “Идејата на плаќање за пристап до публиката отсекогаш била дел од маркетинг сртатегиите. И тука се работи за истото. Facebook го прави ова како услуга кон својата публика и одговара на барањата на своите корисници.”

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365