Home » Digital » Фејсбук го преценува бројот на корисници на кои им ги прикажува огласите

Фејсбук го преценува бројот на корисници на кои им ги прикажува огласите

Минатата година огласувачите на Фејсбук ги налути веста за тоа дека оваа социјална мрежа го преценува бројот на прегледи на постaвените видео содржини, а сега приказната се повторува со бројот на корисници до кои наводно Фејсбук може да досегне

Споредувањето на податоците на Фејсбук со официјалните статистики во некои поголеми земји, покажало дека оваа социјална мрежа значително го преценува бројот на корисници по старосни групи и такви им ги дава на огласувачите.

На пример, во Австралија, Фејсбук вели дека огласите можат да стигнат до 2,3 милиони корисници на возраст од 20-24 години, а во најновиот попис на населението се наведува дека во таа старосна група има само 1,7 милиони. Во САД, Фејсбук ја прикажува целната популација од 18 до 24 години како да има 41 милиони корисници, а во официјалните податоци се наведуваат само 31 милиони жители во таа старосна група. Во Обединетото Кралство живеат околу 5,8 милиони луѓе во таа старосна група, додека Фејсбук некако пронаоѓа 7,8 милиони – и така натаму, пренесува Guardian.

Ова преценување на бројот на корисници е уште поголемо ако се земе во предвид фактот што сите жители немаат профили на Фејсбук, па во некои сличаи би можело да се зборува и за удвојување на бројот на целната публика која ја гледаат огласувачите на Фејсбук. Од компанијата кратко порачаа дека се работи само за проценка и дека по наведените статистики не се пресметуваат цените на огласите.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365