Фејсбук ја започна својата најголема бренд кампања досега, после скандалот со податоците со компанијата Кембриџ Аналитика и дополнителното сведочење на Марк Цукерберг пред Конгресот на САД.
Во новата кампања, Фејсбук зборува за својата одговорност, колку сериозно пристапува кон оваа одговорност и ги потсетува луѓето зошто се приклучиле на платформата со пораката “Here together“.
Кампањата игра на картата на емоциите, но не успева да го адресира основниот проблем на безбедноста и начините на кои Фејсбук се занимава со проблемите на своите корисници, со што спотот на некој начин дава впечаток дека компанијата порачува, “Жал ни е, но сепак не ни е жал.”
Спотот, кој го направи интерен креативен тим The Factory е добро изработен, но неговата содржина делумно го осликува Фејсбук како жртва во целата ситуација, што би можело да разочара голем број корисници кои бараат поодговорно и побезбедно управување со нивните податоци.