Home » Digital » Фејсбук ќе ја намали видливоста или нема да ги одобри рекламите со низок квалитет

Фејсбук ќе ја намали видливоста или нема да ги одобри рекламите со низок квалитет

Фејсбук објави дека ги проширува своите напори за намалување на видливоста на рекламите со низок квалитет на својата платформа

Социјалната мрежа објави дека ќе се насочат кон рекламите кои ги кршат нивните правила со содржини кои се со слаб квалитет или дисруптивна природа, а кои обично вклучуваат: мамки за интеракција, дефинирани како реклами со спам содржина која бара од луѓето да се вклучат преку лајкови, коментари или споделувања; реклами, кои намерно ги чуваат информациите во обид да ги наведат корисниците да кликнат на нив за да ја добијат целата приказна; реклами кои користат сензационалистички јазик, како што се преувеличени наслови и кои водат до одредена страница со содржина која не ги исполнува очекувањата.

Фејсбук вели дека овие реклами со слаб квалитет или ќе добијат пониска дистрибуција или целосно ќе бидат отфрлени. Социјалната мрежа додава дека доколку огласувачот има повеќе реклами во кои се препознати овие карактеристики на низок квалитет, тоа би можело да влијае на имплемантацијата на сите реклами од овој огласувач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365