Home » Во фокусот » Фејсбук лансираше алатка со која ќе ги таргетира ТВ огласувачите

Фејсбук лансираше алатка со која ќе ги таргетира ТВ огласувачите

Фејсбук воведе неколку нови начини за купување на огласувачки простор и мерење на ефективноста на кампањите на мобилните уреди.

Со стартот на Advertising Week во Њу Јорк, социјалната платорма Фејсбук го претстави Total Rating Point (TRP) начинот на купување со кој ќе им овозможува на огласувачите да ја користат метриката за планирање, купување и мерење на видео рекламите на Фејсбук заедно са закупот на ТВ.

facebook-data-measurement

Со свој блог пост од Фејсбук соопштија: “Маркетерите може да планираат кампања на Телевизија и Фејсбук имајќи во ум еден вкупен број на TRP, а ќе може да купат дел од тие поени директно со Фејсбук.

Потоа, Nielsen-овиот Digital Ad Ratings систем за мерење ќе може да ја верификува TRP доставата на Фејсбук, а Total Ad Rating системот на Nielsen ќе може да ја верификува вкупната достава на поени, комбинирано од Фејсбук и телевизија.”

Фејсбук воведува и нов начин за оптимизирање на кампањи со алатка која ќе го набљудува типот на луѓе кои ќе посветат внимание на некоја одредена реклама.

На пример, ако една кампања таргетира жени на возраст од 35 до 54 години, алатката ќе ги ‘собере’ луѓето кои ќе и’ посветат внимание. Рекламата потоа е насочена кон луѓе слични на оние кои и’ посветиле внимание.

Со растечкиот број на луѓе кои користат мобилни реди, Фејсбук се здружи со Millward Brown Digital за адвертајзерите да можат да го анализираат ефектот на нивните реклами.

Порано годинава, социјалната мрежа се здружи со Nielsen, што значи дека брендовите може да го користат нивниот систем и за мобилни мерења.

Оваа недела ќе го видиме и воведувањето на видеа на подвижната платформа на Фејсбук. Минатата година беше воведена можност за адвертајзерите да додаваат повеќе слики во еден пост, што Фејсбук го објасни како “одлична алатка за раскажување на приказна за сите бренд маркетери”.

Со додавањето на видеа на платформата, Фејсбук истакна дека ќе им помогне на брендовите да раскажат ‘поубедлива’ приказна во рамки на њуз-фидот.

Во едно интервју за Campaign, Грејам Мад, директор за Ad Product Marketing на Фејсбук, изјави: “промената во однесувањетона потрошувачите на мобилните уреди ќе го прмени маркетингот.”

“Овие продукти ќе им помогнат на адвертајзерите да ги искористат можностите на мобилните уреди. За нас, тоа е примарниот фукус – да им помогнеме на адвертајзерите. Ние го споредуваме ова со преминот од радио кон телевизија. Важно беше да се разбере разликата во медиумот и тоа да се искористи, истото тоа важи и за мобилните уреди,” додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365