Home » Digital » Фејсбук направи две големи промени за да ги задоволи огласувачите

Фејсбук направи две големи промени за да ги задоволи огласувачите

Брендовите долго време се жалеа на веројатноста дека плаќаат на Фејсбук за реклами за кои потоа не се целосно сигурни дека се видени од интернет корисниците. Имајќи го ова во предвид, Фејсбук претстави нова премиум функција со која треба да се ублажи нелагодноста, нудејќи им на маркетерите опција да плаќаат само за реклами кои целосно ќе се појават на корисничкиот екран.

facebook-desktop-ads-mobile

Се до оваа вчерашна промена, на огласувачите им беше наплаќано штом еден дел од рекламата ќе се појавеше на екранот на Фејсбук корисникот. Сега тие ќе ја имаат опцијата да бараат целосно прегледување пред да им биде наплатено.

Новитетот е дел од дводелно соопштение од страна на технолошкиот гигант, кој откри и дека ја ангажира компанијата за дигитални мерења Moat  да ги следи колку често огласуваните промоции се гледаат на Фејсбук. Додека Moat  е меѓу неколкуте ‘мерачи’ на прегледност кои се акредитирани од Media Ratings Council –  соработката со Фејсбук е знак дека Moat е лидер во својата област.

Уште повеќе, Фејсбук го смена својот став против употребата на независен верификатор за гледаноста на рекламите. Се чини дека потегот е одговор на големите компании како Unilever, Kelloggs и WPP кои бараат алатки за подобро мерење. Баш вчера, директорот на WPP Мартин Сорел се осврна врз стандардите на гледаност на Фејсбук при неговиот говор на Dmexco во Келн, Германија.

Три секунди – и само 50% од онлајн видеата гледани без ѕвук – е смешно”, истакна Сорел, заклучувајќи – “Стандардите мора да се променат”.

Роб Норман, Chief Digital Officer на GroupM Worldwide, компанија во сопственост на WPP, изјави: “Она што го сакаме е едноставно: Реклами кои навистина се гледани од вистински луѓе. Сакаме стандарди на гледаност за клиентите и огласувачките платформи кои ја почитуваат таа позиција, сакаме платформи кои се повикуваат на одговорност од независна трета страна. Многу сме охрабрени од тоа што Фејсбук стана партнер со Moat како верифицирана трета страна.”

Во иднина, новата, full-view опција ќе биде достапна за промоциите во Фејсбуковиот newsfeed, вклучувајќи текст, фото, линк-реклами и видеа. Со растечкиот видео бизнис на соцјалната платформа, која привелече големи бреднови и Холивудски маркетери, очигледно е дека опцијата ќе биде најпопуларна меѓу играчите со големи џебови, фокусирани на 15 и 30 секундни клипови.

Со новата опција, сега постојат три начини за огласувачите да плаќаат за Фејсбук видео промоција. Другите две видео опции се наплаќаат веднаш по делумен преглед или откако гледачот гледал 10 секунди од видеото.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365