Home » Digital » Фејсбук објави кои беа најпопуларни теми во 2017 година

Фејсбук објави кои беа најпопуларни теми во 2017 година

Фејсбук објави кои теми привлекоа најмногу внимание во 2017 година. Во повеќе случаи се покажа и како милиони луѓе им помагаат на други

Фото: Фејсбук

Меѓународниот ден на жената оваа година беше најпопуларна тема на Фејсбук, околу која се собраа двојно повеќе луѓе од минатата година – како се одбележа овај посебен ден посветен на жените низ целиот свет, но и се проговори за рамноправноста на жената во општеството.

Во својот годишен преглед, од Фејсбук истакнаа и како Super Bowl 51 беше најгледан настан во 2017 година, а видеата поврзани со Super Bowl остварија 262 милиони прегледи.

Луѓето на различни начини реагирале и на кризни ситуации. За крвавиот масакр  во Лас Вегас зборуваше целиот свет, но оваа трагедија мотивираше 3300 луѓе преку алатките на Фејсбук да се вклучат во помош на локалната заедница. После уште еден напад, кој се случи во Манчестер, беше организиран и голем хуманитарен концерт, а преносот во живо ја привлече рекордни 80 милиони прегледи, но и 450.000 долари за помош на жртвите.

Year In Review 2017

Posted by Facebook on Monday, December 4, 2017

Исто така, Фејсбук има алатки кои им овозможуваат на луѓето во случај на криза да им кажат на пријателите дека се добри, а милионите го сториле тоа по земјотресот во Мексико кон крајот на септември.

Луѓето покажаа и дека мислат за другите во текот на ураганот Харви во август кога собрале повеќе од 20 милиони долари само на Фејсбук, за да им помогнат на оние кои остана без се`.

Не, Фејсбук не е место што ги собира луѓето само во дигиталниот свет. Повеќе од 20.000 Фејсбук настани во 80 земји се организирани за да се следи целосно помрачување на Сонцето, а Маршот на жените во Вашингтон во јануари собраа повеќе од 500.000 луѓе.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365