Home » Digital » Фејсбук префрли 1,5 милијарда корисници надвор од досегот на новите правила за приватност

Фејсбук префрли 1,5 милијарда корисници надвор од досегот на новите правила за приватност

Фејсбук префрли повеќе од 1,5 милијарди корисници надвор од досегот на Европските закони за приватност и покрај ветувањето на Марк Цукерберг дека Европската општа регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) ќе се применува на глобално ново

Марк Цукерберг, ги промени условите за користење на оваа мрежа за 1,5 милијарди корисници надвор од САД, Канада и ЕУ. Оваа промена покрива 70 проценти од корисниците на Фејсбук, а тоа се корисниците од Африка, Азија, Австралија и Јужна и Централна Америка. За нив повеќе не е одговорна канцеларијата на Фејсбук во Ирска (која потпаѓа под законите на ЕУ), туку седиштето на компанијата во Калифорнија. Така за нив ќе се применуваат законите кои важат во Америка.

На овој начин, овие корисници ќе бидат побезбедни, според зборовите на Цукерберг, бидејќи за нив ќе се применуваат американските, а не на европските закони. Ова треба да се случи пред Европската унија да започне да ја применува Општата регулатива за заштита на лични податоци (GDPR) која стапува на сила на 25 мај. Оваа одлука е малку збунувачка, ако се земе во предвид искрената желба на Фејсбук да го подигне нивото на безбедност на своите корисници. Цукерберг неодамна објави дека правилата кои ги донесува GDPR ќе се применуваат глобално, бидејќи тоа е можност да се понуди нова заштита, без разлика каде некој живее.

Фејсбук би можел под GDPR да биде одговорен за парични казни до четири проценти од глобалниот сообраќај, што е околу $ 1.6 милијарди долари, ако ги прекрши новите правила за заштита на податоците.

Фејсбук во моментов има две претставништва – главното е во Калифорнија, а второто е во Ирска, каде што се наоѓа заради даночните олеснувања. Досега, корисниците на САД и Канада беа покриени од централата во Калифорнија, додека сите други корисници ширум светот потпаѓаа под ирските правила, т.е. законите на ЕУ. Со новата одлука, Европејците ќе продолжат да бидат под ирската подружница, а сите други ќе бидат под американските закони.

Според новите правила, Фејсбук за да ги продава податоците на своите корисници, мора да добие изрична согласност од нив. Ако ова се направи без согласност, се применуваат казнените одредби од минимум 20 милиони евра до 4 проценти од годишниот приход.

Претходно овој месец, на прашањето дали неговата компанија ќе ја гарантира заштитата на своите корисници во светот во согласност со GDPR, Цукерберг одговори на ова дека “се уште се преговара за деталите, но дека во оваа насока, всушност, би требало да оди целата работа “. Една недела подоцна, за време на сослушување пред Конгресот на САД, Цукерберг повторно е запрашан дали GDPR ќе се применува на сите корисници на Фејсбук. Неговиот одговор беше потврден – но само доколку се однесува на регулативата, а не на мерките за заштита.

Фејсбук за Ројтерс изјави дека “секаде применуваат ист степен на заштита на приватноста“ и додава дека новите измени се направени само “затоа што правото на ЕУ бара специфични јазик” во правилата за приватност, кој американскиот закон го нема.

Истражувачот Лукас Олејник не се согласува со тоа и истакнува дека промените носат сериозни последици за погодените корисници.

“Ова е голема промена по прашањето за приватноста на податоците. Промената ќе ја намали гаранцијата за приватноста и правата на корисниците, со бројни последици, особено за барањата за согласност. Корисниците јасно ќе изгубат некои постоечки права, бидејќи американските стандарди се пониски отколку оние во Европа”, вели тој.

“Органите за заштита на податоците од земјите на погодени корисници, како што се Нов Зеланд и Австралија, можеби би требало да ја преиспитаат оваа ситуација. Дури и во случај нивните регулатори за приватноста на податоците да се побавни од оние во Европа, овај настан им дава прилика да делуваат. Не е јасно колку ќе бидат активни, но глобалната прописи за регулирање на приватност се менуваат, а земјите во светот го менуваат пристапот. Јасно е дека Европа е на чело на оваа конкуренција, но би требало да се очекува дека и другите земји да делуваат во тој правец “, додава Олејник.

И други американски мултинационални компании прават слични чекори. LinkedIn, на пример, ќе ги пренесе своите корисници кои не се во земјите членки на ЕУ во американската подружница, а тоа ќе го направи на 8 мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365