Home » Digital » Фејсбук страниците за бизниси добиваат мобилно-центрична преработка

Фејсбук страниците за бизниси добиваат мобилно-центрична преработка

fb-business-contact

Практично секој бренд и мал бизнис има своја Фејсбук страна, но најчесто тие изгледаат исто како секоја друга страна.

Фејсбук се одлучи да ги преработи бизнис-страниците за прв пат после 2012 со нови функции и свеж дизајн. Една главна цел е да се подобри искуството за мобилните корисници, докажувајќи им на бизнисите дека ФБ-страниците можат да поттикнат комуникација и “да водат“ генерации.

“Она што гледаме е еволуција во однесувањето на потрошувачите на нашата платформа”, истакна Бенџи Шомаир, Product Marketing Director  за Фејсбук-Страници. “Како што порасна бројот на мобилни корисници, се зголеми и нивната интеракција со бизнисите, исто така.

Највпечатливата промена е додавањето на големо call-to-action копче под насловната фотографија на ФБ-страницата на брендот. Маркетерите можат да употребуваат три опции – “call now”, “send message” и “contact us”. Во сите три случаи, Фејсбук сака да биде посредникот помеѓу брендот и потрошувачот.

Како дел од преработката, брендовите можат да додадат информации за нивните производи и услуги на Страниците. Тоа значи дека, на пример, еден спа-центар може да ги наброи сите свои понуди. И еден мал бизнис може повпечатливо да ја користи Shopify опцијата Buy Button. Фејсбук додаде нови табови на дизајанот за да ги организира новите функции.

Не чуди тоа што Фејсбук ја позиционира својата апликација како главна платформа за малите бизниси. Според еден извештај на Forrester порано годинава, 80% од времето поминато на мобилни уреди се одвива во рамките на некоја апликација.

Во Март, Фејсбук им овозможи на брендовите и потрошувачите да комуницираат преку Facebook Messenger, додаток на главната апликација на социјалната платформа.

Новиот потег на Фејсбук е директен удар кон Google, кој исто така насочи внимание кон малите бизниси со воведувањето на опцијата  Push за да развие повеќе реклами и содржина за мобилниот веб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365