Home » Digital » Фејсбук воведе Messenger Kids за деца корисници

Фејсбук воведе Messenger Kids за деца корисници

Се проценува дека на Messenger постојат 20 милиони корисници на возраст под 13 години

Facebook ја претстави својата прва прилагодена апликација дизајнирана исклучиво за оние кои сеуште не влегле во тинејџерските години, со тоа индиректни признавајќи дека не успееја да ги спречат лицата помлади од 13 годишна возраст да отвараат профили на нивните платформи.

Се проценува дека на оваа платформа за социјално вмрежување постојат околу 20 милиони корисници помлади од 13 години и всушност тоа се корисниците на кои Фејсбук цели со Messenger Kids мрежата, која бара родителско одобрение за активирање. Исто така, забрането е користење на податоци за огласување.

Во пракса, тоа значи дека родителите на две деца мораат да го одобрат нивното пријателство пред тие да започнат да комуницираат преку разговор во живо, слика или порака. Членовите, исто така, можат да користат библиотека на содржини прилагодени на нивната возраст, како што се GIF-ови, стикери и маски.

Лорен Ченг, менаџер на производи за Messenger Kids, изјави: „ Родителите се` повеќе им дозволуваат на своите деца да користат таблети и паметни телефони, но често се загрижени за тоа како ги користат и кои апликации се соодветни. Кога дознавме за потребата за подобри апликации директно од родителите во текот на истражувањата и разговорите со нив, знаевме дека мораме да развиеме таква апликација заедно со оние кои ќе ја користат, како и експертите кои би можеле да помогнат во насочување на нашите напори“.

На платформата Messenger Kids, нема да има формална потврда за возраста, но корисниците ќе можат да ја надоградат апликацијата на изворниот Messenger кога ќе пораснат, но со целосно нов профил и без пренесување на податоците.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365