Home » Во фокусот » Facebook започнува B2B кампања со фокус на growth marketing

Facebook започнува B2B кампања со фокус на growth marketing

Facebook ја започна својата прва глобална B2B кампања насочена на growth marketing. Целта на кампањата е да им се помогне на маркетерите да ги развијат своите стратегии за раст на Facebook, со цел што подобро да одговорат на барањата и очекувањата на потрошувачите во мобилниот свет, се наведува во соопштението на компанијата.

Во САД, 30 дневна огласна кампања ќе го обележи почетокот на глобалната кампања, под слоганот „Откријте го растот“ (Discover Growth). Огласите, кои вклучуваат кратки видео записи и гифови, како и низа на принт огласи кои ќе се употребуваат офлајн, ќе бидат насочени директно кон маркетерите и традиционалните брендови кои сакаат да го зголемат растот на Facebook.

Делот од кампањата кој ќе се одвива на самата платформа, ќе прикажува еден оглас дневно на Facebook, Instagram и Audience Network, со релевантни податоци и увиди. Огласите ќе бидат мешавина од видеа и огласи со линкови, каде што маркетерите можат да се пријават за да дознаат повеќе, односно да кликнат на  лендинг страната на кампањата.

Сите огласи користат податоци кои се собрани од Facebook корисниците, како би создале духовите изјави, како што е: „На Facebook има 50 милиони зависници од кафе. Осигурајте се дека уште повеќе луѓе ќе зборуваат за вашиот бренд. Вашите нови купувачи ве очекуваат. Пронајдете ги на Facebook.“

Маркетерите кои ќе се пријават на овие огласи со цел да дознаат повеќе, ќе добиваат  четири седмици директно пораки од Facebook, кои ќе содржат дополнителни информации за тоа како можат да пронајдат нови купувачи на платформата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365