Home » Во фокусот » FCB Бразил направи калкулатор кој ги открива трошоците на системската корупција

FCB Бразил направи калкулатор кој ги открива трошоците на системската корупција

Бројни светски медиуми, посебно во САД, во турбулентните политички времиња на денешницата ги зајакнуваат своите маркетиншки напори да ја истакнат важноста на новинарството во ваквите времиња, а нив им се придружи и агенцијата FCB Бразил која на ова прашање работела со еден од најчитаните дневни весници во Бразил.

Бразилските медиуми напорно работат на откривање на системската корупција на власта во време кога јавните услуги во земјата се во состојба на колапс. FCB Бразил направи алатка за бразилскиот весник O Estadao de São Paulo кој ги покажува трошоците на корупцијата во владата, во смисла на влијанието на реалниот живот.

Алатката, која се појавува на веб страницата на весникот, го претвара износот на парите на секој корупциски скандал за кој овај весник пишува, во реални трошоци за Бразилците, во смисла вода, училишни ужинки и вакцини.

На тој начин на читетелите им овозможува да го пресметаат обемот на бенефициите и услугите кои би можеле да бидат обезбедени,  доколку средствата не биле „пренасочени“ заради корупција.

Корупцијата станува се` поважно прашање во Бразил и секогаш е во вестите, затоа што се случува насекаде“, изјави Joanna Monteiro, CCO на агенцијата FCB Бразил. „Овозможување подабоко да се пронике во вестите и бројките позади нив, е токму она што го прави Estadao, а овај конвертер тоа и го покажува.“

Луѓето не сфаќаат колку парите, кои нашите политичари ги земаат од нив, ги менуваат нивните животи на полошо – оваа алатка е корисна бидејќи тоа го илустрира: помалку храна за нашите деца, помалку здравје за нашата фамилија“ изјави Marcelo Moraes, директор за маркетинг и огласување во весникот Estadao.

Калкулаторот е исто така и сјајна брендинг алатка за овај весник, додава Monteiro. „Тој покажува колку весниците се иновативни и користат иновации за да се поврзат со читателите на едно поинакво ниво. Тоа навистина им помага да се истакнат.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365