Home » Во фокусот » Фејсбук вработува македонец, специјалист за македонскиот пазар. Пријавете се!

Фејсбук вработува македонец, специјалист за македонскиот пазар. Пријавете се!

Фејсбук објави оглас за вработување на македонец на работната позиција Market Specialist / Market Operations, кој ќе се приклучи на тимот кој го работи македонскиот пазар и ќе има за цел да ја “подобри довербата“ во Фејсбук искуството, одржувајќи ја безбедноста на луѓето со идентификување и решавање на злоупотреба на Условите за користење.

Успешниот кандидат ќе работи со македонскиот пазарен тим за да ги разгледа содржините пријавени за потенцијални злоупотреби, да ги реши проблемите со корисничките сметка, да го подобри општото искуство за поддршка на македонскиот пазар, како и да ги реши тематските глобални проблеми.

Лицето ќе биде дел од тимот кој анализира податоци и ќе помогне Фејсбук да ги прошири операциите преку оптимизирање и автоматизирање на процесите, решавање на предизвикувачки проблеми и што е најважно, нивното превенирање.

Позицијата е со цело работно време.

Работните обврски и потребните квалификации можат да се погледнат на официјалниот оглас објавен во  Facebook Careers секцијата на ОВОЈ ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365