Home » Во фокусот » Феноменот “Платени ПР објави“ е дел од адвертајзинг а не од ПР стратегијата

Феноменот “Платени ПР објави“ е дел од адвертајзинг а не од ПР стратегијата

Веќе навикнавме да зборуваме за феномени и парадокси на нашето професионално практицирање на комуникациските професии, ама тоа што сме “уникатни“ :) не значи дека сме “креативни“, ами во нашиот случај повеќе би рекол “не инвентивни“ и “не доволно спремни“.

PR word tag

Еден таков (релативно) нов феномен кој зема голем замав кај нас  и кој НЕИЗБЕЖНО ќе им се врати ПО ГЛАВА на тие што го практицираат, е и феноменот наречен “Платени ПР објави“.

Најпрво за поимот.

Самиот поим “Платени ПР објави“ е  погрешен на повеќе нивоа, суштински е нелогично во ист ред да се стават платени објави и ПР, но и истовремено е факт дека таа конструкција се повеќе и почесто се употребува во праксата, што значи дека како таква не смееме да ја занемариме дека постои.

Платениот новинарски или било каков авторски текст, на кој јасно не е наведен податокот дека истиот е платен, не би смеел и не би требал да постои.

Освем тоа, поимот ПР (скратеница за Односи со Јавност), се однесува на целокупната професија која опфаќа цела низа од стратегии и алатки кои се однесуваат на многу поголем спектар на управување со комуникациите и процесите отколку само односи со медиумите.

Погрешно е поимот ПР да се користи во контекст кој претставува само еден сегмент во раководењето на односите со јавноста.

Оттука, загрижува состојбата во Македонија каде некои медиуми (и што е полошо – новински агенции) во своите официјални ценовници ставаат услуга “Платена ПР објава“ а уште повеќе што истите тие ценовници им се нудат на ПР агенциите како услов да се објави скоро секоја информација која е дистрибуирана преку истите, понекогаш не водејќи сметка дали таа информација е вредна или не за публиката.

Медиумите треба да ја задржат објективноста и релевантноста која ќе ги привлече читателите, додека пак клиентите и ПР агенциите треба да креираат содржини од општ интерес кои се интересни за редакцијата и широката јавност и како такви се ВРЕДНИ за објава.

Она што е реалност е дека овај феномен стана алатка за “БРЗО завршување на работата“, но факт е дека тоа носи исклучително краткорочек ефект кој никако не може на клиентите да им донесе стабилна репутација.

“Платените т.н. ПР објави“ (или како што треба да се нарекуваат “Комерцијалните текстови“) се алатка на адвертајзерите (значи не на ПР професионалците) и единствено се оправдани во случај кога станува збор за ситуација кога компанијата сака да искаже став интегрално (без уреднички корекции) но и се согласил на видно место да стои дека станува збор за комерцијална објава нарачана од компанијата.

Кој е Вашиот став на оваа тема?

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365