Home » Во фокусот » Фестивалот на креативни индустрии Скопје Креатива 2015 – Огледало на регионалната креативност

Фестивалот на креативни индустрии Скопје Креатива 2015 – Огледало на регионалната креативност

Фестивалот на креативни индустрии под називот Скопје Креатива 2015 ќе биде одржан од 16 до 20 септември во главниот град на Македонија. Под мотото „Скопје – мој град“ во текот на четирите фестивалски вечери ќе бидат одржани презентации, предавања, работилници, панел дискусии и дебати. Учесници на фестивалот покрај македонските креативци, се и креативците од Словенија, Албанија, Полска, Србија и други земји. Посетителите ќе можат да уживаат во проекциите на филмски и видео проекти, перфоманси и претстави, а во вечерните часови во музичка програма. За најмладите посетители, организаторите припремаат богата и интересна програма.

Print

Фестивалот ќе прикаже една целина на креативниот сектор во регионот, од продукт дизајн, индустриски и графички дизајн, до моден дизајн истакна програмскиот директор на фестивалот Лазе Трипков и додава : Покрај тоа, посетителите ќе можат да уживаат во настаните кои се main streem на денешната креативна индустрија, како што се супер атрактивната изложба School of Visual Arts, делата на Милтон Глејзер, Стефан Загмајстер, Мирко Илиќ, Сејмур Хваст и многу други реномирани дизајнери и уметници“.

Фестивалот Скопје Креатива е замислен како манифестација која ќе ја прикаже состојбата на културната сцена и креативната индустрија во Македонија и земјите од регионот.Целта на организаторите е на иновативен начин, преку интересен концепт, учесниците и посетителите на фестивалот да се запознаат со регионалната креативност и достигнувањата во креативната индустрија во Македонија и околината.

Овај фестивал воспоставува нов стандард, нов квалитет. Нашата желба е Скопје да го ставиме во рангот на градови кои се препознатливи по креативниот дух, град во кој младите се двигатели на креативниот дух. Поради тоа се одлучивме слоганот на овогодинешниот фестивал да биде „Скопје – мој град“, изјави Тања Балак раководител на Секторот за култура на град  Скопје.

На фестивалот посебно внимание ќе биде посветено на младите креативци кои ќе добијат можност со своите идеи и достигнувања да ја запознаат широката јавност. Така, на фестивалот ќе учествуваат некои од најпознатите, млади реномиранни креативци, како што се Јан Бајтлик од Полска, македонскиот моден дизајнер Изет Цури, младите дизајнери кои го сочинуваат  словенечкото студио Армада од Словенија, членовите на холандското Студио Андрес Деген и многу други.

Агенцијата McCann Скопје е комуникациски партнер на овогодинешниот фестивал.

Нашата определба е да ја поддржиме креативноста во секој нејзин облик, па така соработката со Фестивалот дојде природно. Скопје Креатива е амбициозен проект со цел поврзување на креативноста  од различни земји, во различни области и на различен начин и како таков го заслужува нашето внимание. Уште повеќе поради тоа што фестивалот е одлична можност за креативен израз на младите телентирани луѓе и нивната промоција надвор од границите на својата држава. Драго ни е што можеме да придонесеме кон овај есенски креативен хепенинг кој ќе овозможи Македонија и Скопје да бидат во центарот на креативните случувања во регионот изјави Лара Чашуле Гонев, PR директор на агенцијата  McCann Скопје.

Фестивалот е од отворен каракер, сите програми и настани се бесплатни. Заинтересираните учесниции посетители можат да се регисрираат на e-mail адресата :  info@kongresencentaram.mk

Повеќе информации за Фестивалот можете да најдете на сајтот: http://skopjekreativa.mk/index.php/mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365