Home » Digital » Flickr го ограничува бесплатното поставување на само 1 000 фотографии

Flickr го ограничува бесплатното поставување на само 1 000 фотографии

Популарниот сервис за складирање и споделување на фотографии од оваа година има нов сопственик, а со него доаѓаат и промени

Откако 13 години беше дел од Yahoo, сервисот за складирање и споделување на фотографии Flickr во април оваа година го промени сопственикот. Го презеде конкурентскиот сервис SmugMug, а сега ги гледаме и првите резултати од ова преземање. Имено, како што беше објавено на официјалниот блог, Flickr значително ќе ги промени условите за работење со бесплатните кориснички сметки.

Од 8 јануари 2019 година сите бесплатни кориснички сметки на овај сервис ќе бидат ограничени на само 1.000 фотографии и /или видеа. Досега, ограничувањето беше поставено на терабајт простор за складирање, па овој потег изгледа прилично драстичен. Од компанијата изјавија дека оние кои сакаат повеќе простор може да се зачленат на Flickr Pro, кој за 50 (или на акција 35) долари годишно нуди неограничен простор за фотографии и користење на сервисот без реклами.

Новиот менаџмент на компанијата објаснува дека за овој вид на приходи се одлучиле со цел да не мора повеќе да се финансираат преку реклами и така да дојдат во опасност од ставање на желбите и потребите на огласувачите пред своите клиенти. Од Flickr велат дека и досега Flickr Pro налозите имале значително повеќе од илјада фотографии, додека бесплатните корисници во 97% од случаите складирале помалку од 1.000 фотографии – па оваа промена не би требало да има значително влијание врз голем број на корисници.

На оние пак, кои на бесплатните налози имаат повеќе од 1.000 фотографии, Flickr ќе ги го избрише вишокот, па затоа е добро да се погрижат за квалитетен бекап на време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365