Ангела Меркел, Кристин Лагард и Ненси Пелоси ја предводат Листата на Форбс на 100 најмоќни жени на светот за 2019 година.
На листата на најмоќните жени во светот се истакнуваат жени- директори, претприемачи, инвеститори, филантропи и бизнисменки кои имаат силно влијание за поттикнување на промени. Членовите на листата „Најмоќни жени 2019“ се жени во кои се поделени во шест категории: бизнис (31), технологија (17), финансии (12), медиуми и забава (14), политика (22) и филантропија (4).
Тоа се жени кои градат брендови во вредност од милијарди долари, учествуваат на финансиските пазари и ги користат своите огромни платформи за склучување договори за посредување, давање помош и поттикнување на промени
Севкупно, оваа листа на влијателни жени контролира или влијае на приход од над 2,3 милјарди долари и надгледува скоро 6,5 милиони вработени.
Деветта година по ред, германската канцеларка Ангела Меркел го зазеде првото место, а вкупно 14 години се наоѓа меѓу 100-те најмоќни жени во светот. Кристин Лагард, претседателката на Европската централна банка, се искачи едно место и се наоѓа на второ место, а Нанси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на САД, оваа година се враќа на третото место како највисоко рангирана и најмоќна жена официјално во американската политичка историја.
На четврто место е претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лејен, додека извршната директорка на Џенерал Моторс, Мери Бара го зазеде петтото место.
„Овогодинешната листа на најмоќни жени во светот е збирка на иноватори и двигатели кои ја преземаат светската сцена за да ги редефинираат традиционалните структури на моќ и за да постигнат трајно влијание во секоја индустрија и сфера на влијание. Како што се ближи крајот на тековната деценија се` повеќе нè потсетува на огромните чекори што ги направија жените и за одличната можност што ја имаат да ја дефинираат декадата пред нас“, рече Моира Форбс, извршен потпретседател на Форбс и претседател на ForbesWomen.
„Гледаме се` повеќе жени на чело на највлијателните институции во светот – Европската комисија, Европската централна банка, Претставничкиот дом на Соединетите Држави – и се` повеќе жени кои заземаат место и лидерски позиции во управните одбори ширум Америка“, изјави Меги Мекгрет, уредничка на ForbesWomen. „Потребно е време за системска промена, но жените во годинешната листа имаат свое влијание низ целиот свет за да помогнат во таа промена“.
Листата за 2019 година опфаќа повеќе од седум генерации влијателни жени, а активистката за животна средина, Грета Тунберг стана најмладата почесна личност во историјата на листата во период од 16 години.
Поединечно, од 32 земји кои се застапени, Северна Америка има најголем број жени на листата (50), а потоа следат Азиско-пацифичкиот регион (21), Европа (вклучително и Русија и Турција) со 18, Велика Британија со 5, Блискиот исток со 3, латински Америка со 2 и Африка (1).
23 жени дебитираа на Светската листа на најмоќни жени во светот во 2019 година, со истакнати новодојдени личности меѓу кои и Кристалина Георгиева, генералната директорка на ММФ; Грета Тунберг, активистка за животна средина, Џесика Тан, директорка на Ping An Group во Кина, Џули Свит, директорката на компанијата Accenture; Џудит Мекена, претседателка и извршен директор на Walmart International; Нирмала Ситараман, министерка за финансии во Владата на Индија; Џенифер Салке, раководител на Amazon Studios; Ријана, пејач / текстописец и Амина Џ. Мохамед, заменик-генерален секретар на Обединетите нации.
Интересно е тоа што Тереза Меј, поранешната премиерка на Велика Британија, не се најде на листата во 2019 година, откако ја задржа втората позиција во 2018 година, поради оставка на оваа функција оваа година. Кралицата Елизабета, падна за 15 места на 40, а Иванка Трамп, првата ќерка и советник на претседателот, падна за 18 места на 42 место.
Целата листа можете да ја погледнете на https://www.forbes.com/power-women/list/#tab:overall