Home » Во фокусот » Ford измисли нова невроза за да ги наговори луѓето да ги посетат нивните сервиси

Ford измисли нова невроза за да ги наговори луѓето да ги посетат нивните сервиси

Страдате ли и Вие од „автоосетливост“?

Околу 43% од сопствениците на автомобили во Данска не дозволуваат храна во своите автомобили. Дури 33% стравуваат да го остават автомобилот на паркинг. Исто така, 30% не веруваат дека другите можат да се грижат за нивните автомобили како што се грижат самите тие.

Но, ова однесување не е специфично само за Данска. Веројатно познавате некој таков. Со помош на агенцијата Mindshare Denmark, која неодамна ја направи кампањата „Image_Hack“ за Dove, Ford ги искористи овие сознанија со цел да ги повика корисниците да ги посетат овластените Ford Motorcraft сервиси, кои корисниците ги сметаат за неразумно скапи.

Така е роден синдромот Car Sensitivity – состојба во која луѓето кои се обидуваат да избегнат да ги посетат сервисите стануваат неразумно параноични за се` и сешто, од дамки од храна до дождовни капки, кои би можеле да ја нарушат беспрекорната состојба на нивните Фордови.

Симболот на оваа невроза е прикажан во Paul, кој завзема по две паркинг места и избегнува да го земе своето дете од тренинг за да не внесе кал во автомобилот.

Освен што спотот го промовира Ford Motorcraft сервисот, кампањата „Car Sensitive“ исто така е промотивна алатка за Pricematch услугата на овај сервис, кој гарантира иста цена, како и кај неовластените сервиси.

Рекламата се вртеше на социјалните мрежи, поддржана е со радио огласи во стил на разговор со психијатар, спроведено е истражување  „Car Sensitivity“, онлајн трговијата на Форд доби посебен дел, а тука се и ПР активностите, како и радио програмата во која луѓето можеа да зборуваат за своите чудни проблеми со автомобилите. Во студијата на случај подолу, можете да погледнете и повеќе детали за сите аспекти на кампањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365