Home » Во фокусот » Ford направи футуристичка лулка за бебиња која симулира возење во автомобил

Ford направи футуристичка лулка за бебиња која симулира возење во автомобил

Дали вашето бебе најбрзо се успива во кола?
Веќе постои нов изум на пазарот, кој ќе усреќи многу мајки и таковци кои веќе ќе немаат потреба да одат на полноќни возења во автомобил со цел да го успијат своето бебе.
Ford Шпанија креира нов футуристички изум- лулка за бебе која ви озвоможува да го снимите омилениот звук на авотмобил и да го симулира во удобноста на вашиот дом.

”Max Motor Dreams baby crib” е нов начин со кој брендот го рекламира својот нов Ford Max фамилијарен ранг на автомобили. Креветчето доаѓа со дрвен панел, машина која симулира звук на мотор, LED симулатор на улични светла  и нежно движење.

Фактот дека брендот се погрижил да преземе ваков проект, покажува само колку брендот се грижи за своите потрошувачи и за нивната удобност, па и до таа мера што осмисли проект што не е за во автомобил, меѓутоа може да ги подобри животите на нивните потрошувачи без разлика каде и да се.

Иако Ford засега направи само еден прототип, планира да го стави во продажба производот доколку постои широка побарувачка за истиот. Па затоа, започенете со своите нарачки драги родители. Со цел да се нарача еден ваков производ, посетете го нивниот веб-сајт  и кликнете го својот број под делот наведен како ‘’¿Quieres una para tu familia?’’- дали сакате и вие еден модел за вашето семејство. Од компанијата велат дека можете и да го тестирате производот, па дури и доколку не сте од Шпанија.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365